Туфегџиќ до Адеми: Приоритет да биде реконструкцијата на студентските домови


Студентски дом „Стив Наумов“

– Пратеничката Ивана Туфегџиќ, на денешната презентација на резултатите од „Студијата за млади на Северна Македонија“, апелираше до министерот за образование и наука Арбер Адеми, што поскоро да се посвети и да го стави како приоритетно прашање за реконструкцијата на студентските домови.

– Има финансиски средства во буџетот предвидени за реконструкција на студентските домови, но не се прави доволно. Апелирам директно до министерот за образование и наука, што поскоро да се посвети и да се стави како приоритетно прашање реконструкцијата на домовите, нагласи Туфегџиќ.

Наведе дека е потребна многу посериозна и поголема координација од страна на министерот за образование.

Посочи дека резултатите од студијата укажуваат дека долго време институциите биле затворени за младите луѓе во процесот на креирање политики.

– Бидејќи таквиот пристап обесхрабрува, креираме законско решение со вклученост на сите страни за понатаму во пракса се имплементира на начин на кој што ќе имаат активно учество во процесите на креирање политики, посочи пратеничката.