Трудо се договори со канадската опозиција неговите либерали да останат на власт до 2025 година


 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година.

-Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо.

Либералната партија на Трудо повторно победи на изборите во септември, но не успеа да освои мнозинство во парламентот и мора да се потпре на опозицијата за усвојување на законот.

Левичарската партија НДП ќе ги поддржи либералите на Трудо во замена за договори за плановите за фармацевтска и стоматолошка заштита, но нема да има членови во кабинетот на Трудо.

-Се договоривме да работиме заедно. Станува збор за фокусирање на тоа за што се согласуваме место за тоа за што не се согласуваме, рече Трудо.