Тропска бура се приближува до Jапонија, организаторите на ОИ не очекуваат проблеми


 

Тропска бура се очекува во вторник да ја зафати Јапонија во вторник, но организаторите на олимписките игри не очекуваат поголеми проблеми.

Натпреварите во веслање и стрелаштво се веќе поместени, но доколку не се промени временската прогноза, нема најави за поместувања на други натпревари.

Првобитно во Јапонија се очекуваше тајфун, но бурата ослабе. Портпаролот на ОИ рече дека нема причина за поголема загриженост, но дека треба да се внимава.

„Бурата Напертак се ближи до јапонија, но би требало да се спушти далеку од Токио, повеќе северно и источно. Влијанието на градот можеби ќе биде во вид на обилни дождови, грмотевици и силен ветар во вторник и во среда“, соопштија од таму.