Тројца убиени во престрелка на Флорида, една од жртвите е дете (видео)


Три лица, меѓу кои и едно дете, беа застрелани денеска во еден маркет на Флорида.

Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата.

– По пристигнувањето, полицијата пронајде три лица кои починале од прострелни рани – еден повозрасен маж, повозрасна жена и дете. Меѓу жртвите е и напаѓачот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич.

Засега не е позната причината за нападот.

Ова е уште еден оружен инцидент во јужниот дел на Флорида во последните неколку денови.