Трифун Костовски го пофали Шилегов за сработеното


Фото: Б. Грданоски

Во својата колумна во која ги анализира резултатите од локалните избори, поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски искажува пофални зборови за работата на актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов:

„Чувствувам дека овојпат народот го казнува господинот Заев. Најтипичен пример за оваа казна е битката за прв човек на градот Скопје. Како поранешен градоначалник можам да кажам дека господинот Шилегов својот прв мандат го одработи многу солидно, не навлегувајќи дали градската каса била користена и за некои лукративни интереси.“

Според поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, кој беше избран за градоначалник на Скопје благодарение на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, „Најголемиот товар на господинот Петре Шилегов не му е Данела Арсовска туку Зоран Заев.“