Три возила опожарени во Кисела Вода, МВР презема мерки за расчистување на случајот
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје, стои во соопштението од МВР.
Како што дополнуваат, огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.