Три посни рецепти за Бадник од познатите готвачи: Никогаш подобри компир салата и рижото


За Бадник подгответе вкусни посни јадења, а ви предлагаме салата од компири, рижото и бела риба по рецепти на познати готвачи.

Џенаро Конталдо е познат италијански готвач кој исто така бил ментор на Џејми Оливер. Тие двајца сега имаат заеднички канал на YouTube каде што поставуваат рецепти за некои од највкусните јадења. А бидејќи божиќниот пост е во тек, а се ближи Бадник, ви носиме никогаш подобри рецепти за салата од компири, риба и рижото. Овие посни јадења ќе ве воодушеват, а најдоброто од се е што многу лесно се прават.

Салата од компири на Џејми Оливер

Состојки:

900 гр компири
маслиново масло
6 чешниња лук
1 лимон
2 гранчиња свеж рузмарин
1 лажица брашно
1 краставица
100 гр ротквица (по избор)
1/2 црвен кромид
1 кафена лажичка сенф
2 лажици вински оцет
1/2 веза свеж копар
2 грста свежо нане
40 гр посно фета сирење

Подготовка:

Во тенџере сварете ги компирите со кората околу 20 минути. Потоа се цеди и се редат во плех. Прелијте со масло (2 лажици), па посолете и побиберете. Добро измешајте со раце, а потоа додадете цели чешниња лук и печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути. За тоа време изрендајте ја кората од лимон, па измешајте ја со сечканиот рузмарин. Извадете ги компирите од рерна и посипете ги со рузмарин и кора од лимон и брашно. Сè убаво измешајте, па притиснете малку со гмечалка за компири. Вратете се во рерна и печете уште 20 минути. Во сад измешајте ги исецканите краставици, ротквицата, кромидот, па прелијте ги со сок од половина лимон, оцетот и сенфот. Додадете сол и бибер по вкус, а потоа додадете сецкан копар и нане. Во сад ставете ги компирите, прелијте го со преливот и убаво измешајте. На крајот посипете ја салатата од компири со посна фета.

Рижото од Џенаро Конталдо

Состојки:

1/2 кромид
25 гр маргарин
1/2 лажица маслиново масло
1/3 стапче целер
100 гр ориз (по лице)
1/4 чаша бело вино
200 мл супа од зеленчук

Подготовка:

Во тавата истурете ги маслото и маргаринот, а кога ќе се растопи додадете го ситно исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, додадете ситно сечкан целер. Кога ќе омекне, додадете го оризот, па прелијте со белото вино. Промешајте и кога виното ќе испари, истурете ја супата. Гответе околу 10 минути на умерена температура со постојано мешање. Рижото е готово, а по желба можете да додадете и малку пржен зеленчук. Кога не е посно, во рижото се додава пармезан.

Риба на скара со сос од песто на Џенар Конталдо

Состојки:

2 филети од бела риба
2-3 лажици песто сос

Подготовка

Посолете ги и подмачкајте ги филетите, а потоа испечете ги на скара во малку подмачкана грил тава. Кон крајот прелијте го со песто сос, а кога ќе го послужите повторно премачкајте го со песто сос. Можете да користите сос од песто купен во продавница, или можете да го направите сами.

Ова се одлични рецепти за вечера или ручек на Бадник.