Три лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
Најмалку тројца Палестинци загинаа, а неколку лица се повредени во денешните израелските напади во Појасот Газа.
Локалните здравствени власти информираа дека две лица загинале, а шестмина се ранети во два одделни воздушни напади во Кан Јунис, на југот од енклавата, додека третото лице загинало во израелски воздушен напад во градот Ал Мусадар.
Израелската армија соопшти дека извршила два напади во енклавата, таргетирајќи палестински активисти, но без да изнесе други детали.
Израел, кој тврди дека палестинското движење Хамас повторно се вооружува и изведува напади, со што го прекршува примирјето склучено пред една година, ги интензивираше нападите врз групата во текот на последните недели.
Хамас негира дека се обидува да изврши напади или да го обнови својот арсенал, а го обвинува Израел за поткопување на мировниот договор во Газа.