Три лица задржани во полиција по истрагата за наводен „епски“ криминал во Струмица, Скопје и Гостивар


Струмичкиот бизнимен Ристо Крмзов и уште три лица се задржани во полициска станица по синоќешната голема акција на МВР, УЈП, Царината и Обвинителството за гонење на организан криминал и корупција што се одвиваше на повеќе локации во Струмица, Скопје и Гостивар. Неколку лица, според МВР, се во бегство. Неофицијално, при претресот на фирмите и објектите на Крмзов во Струмица пронајдени биле  дијаманти, а кај магационер на една од неговите  фирми во Скопје поголема сума на пари во кеш.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека четири лица биле задржани на разговор во полициска станица, а сомнежите се дека е направен „епски“ криминал од  десетици милиони евра.  Поради тоа што се работи за предистрага, од Обвинителството засега не откриваат повеќе детали. Единствено велат дека при претресите одземена е документација и електронски записи кои ќе бидат предмет на проверки. Неофицијално, во акцијата одземени се мобилни телефони, лаптоп компјутери и друга дигитална опрема, од кои се очекува да се дознае како точно се одвивале шемите.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), откриени биле и косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен. Акцијата се претставува со надувана пропагандна помпа а со цел да се остави впечаток дека се урива криминална империја на Зоран Заев, додека во Собранието Вреди го блокира законот за бранителите што ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше во кампањата пред изборите.