Три калуѓерки заработија речиси милион евра од одгледување марихуана


Калифорнија на 1 јануари 2018 година ја легализираше марихуаната, две децении откако првата американска држава дозволи нејзина употреба во медицински цели.
Во изминатата година и половина, многумина се свртеа кон одгледување марихуана, па дури и верските заедници.
Три калуѓерки од Калифорнија кои сами одгледуваат и продаваат марихуана, на годишно ниво заработуваат 990.000 евра.
Цел проект почнал пред седум години со само 12 билки, пренесе Klix.ba.
Тие тврдат дека со своите производи успеале да извлечат осум луѓе од нивната зависност, а марихуаната ја одгледуваат за да излечат луѓе од болести како рак и епилепсија.
„Работевме само со неколку луѓе зависни од алкохол, тутун или некој вид дрога. Успеавме да ги излечиме, сите се чувствуваат многу подобро. Ние сме поуспешни од организациите за анонимни алкохоличари“, вели една од чесните сестри.
Таа ја нарекува марихуаната прекрасна билка која лечи на посебен начин.
„Светот се повеќе се отвора кон идејата да користи канабис како лек, а не како опасна дрога“, рече таа.
За нив е снимен и документарен филм, а се надеваат дека ќе успеат во борбата против законите кои забрануваат користење марихуана.