Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, поднесе оставка!


Тренерот на Партизан Саво Милошевиќ ненадејно поднесе оставка, пренесуваат српските медиуми.

Милошевиќ наводно поднел оставка поради немање договор со челниците на клубот околу намалување на платата.

„Милошевиќ се реши на тој чекор ненадејно, иако немаше индикации дека такво нешто може да се случи, со оглед на фактот дека во претходниот период го стабилизираше тимот и успеа да забележи шест победи од осум натпревари, со две ремија“, пишува Телеграф. 

Истиот портал наведува дека Милошевиќ си ги подигнал работите од спортскиот центар во Земун уште пред дефинитивно да поднесе оставка.

Несогласувањата настанале бидејќи Работната група сакала да му ја намали платата на Милошевиќ, на што тренерот на Партизан не се согласил.

Новата управа во Хумска воведе времени мерки, вработените мораа да се откажат од 10 до 40 отсто од платата, но круцијален проблем.

Се очекуваат реакции од клубот од Хумска за да се објасни новонастанатата ситуација.