Трамп разговарал со директорот на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, за шпионската афера
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ФБИ ја истражува поврзаноста на извршниот директор на „Нвидија“, Џенсен Хуанг со кинеска бизнисменка за која постои сомневање дека е шпионка на Пекинг.
Трамп рече дека е „вчудоневиден“ од обвинувањата против Хуанг, еден од неговите најблиски сојузници во Силициумската долина. Тој откри дека разговарал со директорот на компанијата, кој му рекол дека не знаел дека жената е шпионка.
„Знам дека ФБИ го истражува тоа. Мислам дека со него сè ќе биде во ред“, изјави американскиот претседател на брифинг во Белата куќа.
Веста за неверството на Хуанг предизвика реакции во политичките кругови и американскиот технолошки сектор, отворајќи нови прашања за тоа дали Кина успеала да дојде до најсовремените чипови дизајнирани од „Енвидија“ што се користат за развој на вештачката интелигенција.
Акциите на „„Нвидија“ вчера паднаа за повеќе од четири проценти, откако управниот одбор на компанијата покрена внатрешна истрага за тоа дали Хуанг бил цел на активности на странска разузнавачка служба.
Хуанг признал пред колегите во „Нвидија’ дека ја изневерил сопругата, но не изнел детали за врската.