Трамп: Конфликтот на Москва со Вагнер е „голем хаос“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше конфликтот
меѓу Русија и платеничката група Вагнер во објава на социјалната мрежа што ја создаде самиот „Truth Social“. Тој го нарече вооружениот бунт организиран од лидерот на Вагнер
Евгениј Пригожин  „голем хаос“.

„Голем хаос во Русија, но внимавајте што посакувате. Следниот може да биде
многу полош!“, напиша Трамп.

Во посебен пост, Трамп ги обвини американскиот претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер
Бајден за земање големи суми пари и од Русија и од Кина. Коментарот на Трамп се однесува на наводните деловни зделки на Хантер Бајден со украинските и кинеските компании кои во моментов се под истрага поради обвинувања дека претседателот Бајден се вклучил во шема за поткуп за време на неговиот мандат како  потпретседател на САД. Трамп исто така рече дека Бајден ќе направи се што ќе побара Кина од него во врска со ситуацијата во Русија и изјави дека Русија и Кина биле природни непријатели  „се додека не дојде Бајден“.

Трамп, кој се кандидира за реизбор на американските избори во 2024 година му даде комплимент на Путин за неговата инвазија на Украина, нарекувајќи го „брилијантен“ и „разумен“, но наведувајќи дека инвазијата на Русија немаше да се случи доколку тој беше претседател.

„Претседателот Путин никогаш немаше да влезе ако јас бев претседател. Никогаш“, рече тој претходно.

Републиканецот тврди дека доколку биде реизбран и ако војната меѓу Русија и Украина продолжи и е се уште во тек, тој ќе може да го прекине конфликтот за 24 часа.