Трамп го нарече Зеленски диктатор

Во објавата на неговата социјална мрежа Трамп вели дека Зеленски мора брзо да дејствува или ќе остане без државата


Трамп и Зеленски за време на нивната средба во септември 2024

 

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на неговата социјална мрежа Truth Social.

„Замислете, умерено успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да се започне, но војна која тој, без САД и ТРАМП, никогаш нема да може да ја реши.

САД потрошиле 200 милијарди долари повеќе од Европа, а европските пари се загарантирани, додека САД нема да добијат ништо назад. Зошто Заспаниот Џо Бајден не побара изедначување, бидејќи оваа војна е многу поважна за Европа отколку за нас – Имаме голем, убав океан кој нѐ дели.

Згора на се, Зеленски признава дека половина од парите што му ги испративме ИСЧЕЗНУВААТ. Тој одбива избори, се рангира многу ниско во украинските анкети, а единственото нешто во што беше добар е да свири со Бајден ‘како виолина’. Како диктатор без избори, подобро е Зеленски да побрза или ќе остане без земјата.

Во меѓувреме, ние успешно преговараме за крај на војната со Русија, нешто што сите признаваат дека само ТРАМП и администрацијата на Трамп можат да го направат. Бајден никогаш не се обиде, Европа не успеа да донесе мир. Ја сакам Украина, но Зеленски заврши ужасна работа, неговата земја е растурена, а МИЛИОНИ умреа без потреба“, рече Трамп.