Папата Лав XIV денеска излегува од болница по операцијата на рак на белите дробови
Ватикан – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ќе биде отпуштен од болницата Џемели“ во Рим, четири дена откако беше опериран од рак на белите дробови, соопшти Ватикан.
На папата му беше отстранет дел од плеврата (облогата на белите дробови) откако лекарите открија израсток, за кој се утврди дека е најчестиот вид рак на белите дробови.
Вчера, лекарите соопштија дека кај него се забележуваат знаци на постојано подобрување на здравствената состојба. Лекарите сè уште ги очекуваат резултатите од испитувањата за да се утврди прецизниот молекуларен и генетски профил на туморот, дали тој се проширил надвор од отстранетиот дел на белите дробови и дали ќе биде потребно дополнително лекување.
Се очекува папата Лав XIV утре да го упати својот традиционален неделен благослов од прозорецот што гледа кон плоштадот „Свети Петар“ во Рим.