Трамп доби златен пејџер како подарок од Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12.

Тоа е симболичен подарок во светлината на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп.

За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со натпис: „На Биби, големиот лидер“.

Во септември минатата година, илјадници пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах ненадејно експлодираа низ Либан, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе. Еден ден подоцна, исто така експлодираа стотици воки-токи, убивајќи и ранувајќи многу други луѓе.

Нападите, кои брзо му беа припишувани на Израел, се случија кога Израел ја засили својата контраофанзива против Хезболах, кој е поддржан од Иран.