Трамп: Бајден даде пари за пластични операции, а носи маска


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп праша зошто неговиот противкандидат на претстојните претседателски избори Џо Бајден, „ги потроши сите пари на пластични операции, кога го крие лицето со маска“.

Трамп повторно го исмеваше Бајден (77) за носење маска и го обвини дека извршил пластична операција на предизборен митинг во близина на Питсбург, една недела пред првата претседателска дебата, пренесува Индипендент.

– Зошто по ѓаволите ги потроши сите тие пари на пластична операција ако го покрива лицето со маска, рече Трамп.

Тој ги праша насобраните во местото Мун Таншип дали мислат дека Бајден ќе носи маска за време на дебатата, на што тие позитивно извикуваа.

– Џо се чувствува добро поради тоа, продолжи Трамп.

Тој на митингот повтори дека смета дека поранешниот потпретседател на САД треба да се тестира за дрога пред дебатата.

Двајцата претседателски кандидати ќе се соочат на првата дебата на 29 септември во Кливленд, а ќе ги модерира водителот на Фокс Њуз, Крис Волас.