Трајковски, со скок од 7,75 метри, освои бронзен медал на Балканијадата во Краљево (Видео)
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски со скок од 7,75 метри го освои бронзениот медал во дисциплината скок во далечина на Балканијадата во Краљево.
Трајковски до последната серија го имаше златото на дофат, но Србите Страхиња Јованчевиќ и Лазар Аниќ успеаа да остварат подобар резултат.
– Среќен сум поради успехот во Краљево, иако се надевав дека ќе победам зашто бев во водство во првите пет серии. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија, кажа Трајковски.