Трагедијата ја поттикна солидарноста: Лекарите за лекувањето на настраданите од пожарот во Кочани
На панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“ зборуваа повеќе лекари кои беа директно вклучени во помошта што им се пружи на настраданите во страотната трагедија. Еве некои поенти:

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни
Брзата тријажа, навремената проценка на изгорениците и итниот третман биле клучни за згрижувањето на повредените во првите часови по трагедијата во Кочани, истакна директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓорѓиевска.
Во своето обраќање Ѓорѓиевска посочи дека по повикот во раните утрински часови за кратко време бил мобилизиран најголемиот дел од персоналот на Клиниката и веднаш се пристапило кон прием и тријажа на повредените. Најпрво, појасни, се проценувало кои делови од телото се изгорени и колкав процент е изгорена површина, колкава е длабочината и дали постои инхалациона повреди, како и колкава е длабочината на изгорениците и дали пости инхалациона повреди.
Според неа, како пластични хирурзи најпрво се проценувало кои делови од телото се изгорени, колкав е процентот на изгорената површина, колкава е длабочината на изгорениците и дали постои инхалациона повреда. Таа посочи дека кај најголем дел од повредените биле регистрирани изгореници на лицето, дорзумот на шаката, рацете и грбот.
– Најчесто изгорениците беа на лице, на дорзом на шака, на рацете и на грбот. Едно што јас утврдив, како пластичен хирург, беше дека кај тие деца не беше запалена облека, кај тие деца беа изгорени површини коишто беа отворени, површини коишто биле во контакт дали агенс, дали топлина, дали некоја супстанца која што ги направила тие изгоретени од втор, трет подлабок степен… Со тријажата и со брзата есхаротомија, мислам дека многу од тие деца добија и шанса да им останат нивните екстремитети односно нивните шаки витални, и таа брза проценка кој како што треба да си ја заврши својата работа не направи толку толку брзи и толку експедитивни со толку останати деца преживеани, нагласи Ѓорѓиевска.
Д-р Елизабета Обочки: Брзата реакција и стручноста спасија млади животи
Тоа утро на 16 март, бевме повикани од шефот на дежурната екипа во нашата Клиника Свети Наум Охридски, пет пластични хирурзи доктор Атанасова, доцент доктор Стевковска, доктор Шапова, и доктор Груев, како и тројца специјализанти доктор Шојлев, доктор Рајковска и доктор Арџанова. Во координација со нашиот директор доктор Настов, е повикан целиот врвен тим на наши анестезиолози, комплетно подготвени нашите операциони сали, нашите инструментарки, подготвени медицинските сестри во Интензивна нега, и на нашите оддели. Во рок од час и половина, во нашата клиника се примија 30 пациенти со брза тријажа, примени 18 пациенти на Одделот за интензивно лекување, и 11 пациенти на Одделот за детска и пластична хирургија, и Одделот за урологија. Ова го истакна д-р Елизабета Обочки пластичен и реконструктивен хирург на УК за Хируршки болести „Наум Охридски“.
-Внимателен, брз одговор на нашите анестезиолози, каде што кај овие пациенти немаше само изгореници, имаше инхалациона дополнителна повреда, како и интоксикација. Брз хируршки третман на сите пациенти, и брза процена на изгорената површина, кај пациентите на возраст од 17 до 47 годишна возраст, со процентна изгорена површина, нели во зависност и од самиот етиолошки фактор, докажа дека се длабоки изгореници од 7 до 40 посто, со итна фасциотомија кај двајца пациенти, пошто се функционални делови констатирани изгореници на телото, како и на лицето. Кај 10 пациенти се пристапи со итна ешаротомија, рече докторката.
Таа изрази огромна благодарност на целиот тим на доктори, и кажа дека повредените веднаш биле прегледани од трауматолозите, неврохирурзи, ренгенолози, интернисти.
Таа кажа дека во наредните две недели, нивната Клиника била центар за изгореници за 11 останати пациенти.

Д-р Крисаги Гинаки од Солун: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката
Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. Импресивно беше сето тоа затоа што 14 часа по несреќата, тројца млади пациенти веќе беа превезени до нашата болница, рече д-р Крисаги Гинаки од Центарот за изгореници во Солун.
– Во име на сите мои колеги сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Јас сум анестезиолог и работам во центарот за изгоренци во Солун. Нашиот Оддел е сертифициран од 2024, имаме капацитет за да работиме со пациенти, со шест кревети. Ние сме единствената таква болница во Северна Грција. Другите три вакви болници се во Атина, рече Гинаки.
Таа посочи дека сите примени пациенти биле подложени на механичка вентилација и под постојан лекарски надзор.
– Сите имаа претрпено изгореници на вратот, лицето и горните екстремитети. Нивните изгореници беа од 15 до 20 проценти. Еден имаше изгореници од трет степен, можеби и до 60 проценти од површината на кожата. Исто така имаа последици од изложеноста на оган, пожар во затворен простор. По нивното пристигнување, сите беа однесени во операционите сали, за да се направи една поцелосна проценка. Би сакала да кажам дека веќе имавме клинички податоци по пополнувањето на тие обрасци коишто ги побаравме да ни ги пополнат, да ни ги пратат колегите пред пациентите да стигнат во болницата за да знаеме што дотогаш веќе се имало случено, рече д-р Гинаки.
Таа раскажа дека во следните денови сите добиле соодветен третман, биле целосно прегледани и не постоела повреда за којашто не знаеле.
– Еден од пациентите, која беше жена, деветнаесетгодишна девојка, поради метаболични аксидози, имаше тешкотии со дишењето, беше нестабилна и моравме во нејзиниот случај да и дадеме пет грама хидроксиков аламин. Секако, нашиот протокол вели кога пациентот ќе дојде во интензивна нега, треба да помине низ целосна проценка, што значи дека користиме ултразвук, ехо, исто така и дихоскопии за да видиме колкав е степенот на повредата од вдишување чад, и да видиме, да направиме план, за тоа што треба следно да се направи. Во првите часови 19-годишната девојка имаше потреба од дисхаротомија на левата рака, а кај другата се работеше за успешен хируршки зафат. Друга 24-годишна девојка беше екстубирана, една недела откако беше примена, и беше отпуштена од болница. Имаше најмногу среќа од сите нив, другите две коишто претрпеа посериозни повреди, коишто имаат трахеостомија, ги отпуштивме по пет недели, всушност по два месеца беа отпуштени од нашата болница и лекувањето го поминаа успешно.
Д-р Гинаки рече оти целиот тим бил горд што биле дел од нивното „патување и закрепнување“ и нагласи дека кога станува збор за здравјето, единствениот начин е соработката.

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани
Република Србија испрати транспортен воен авион со којшто презедовме 17 пациенти за кратко време, кои беа примени на Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја, истакна хирургот Марко Јовиќ од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетскиот клинички центар Србија.
Јовиќ во неговото излагање посочи дека Србија примила 30 пациенти од Македонија по трагедијата во Кочани, од кои 17 биле лекувани во Клиничкиот центар во Србија. Во обраќањето тој наведе дека националниот одговор на Србија при инциденти со изгореници се темели на вмрежување со локални болници, здравствени центри и шест главни болници.
Јовиќ појасни дека изгореници под 30 проценти од телесната површина се третираат во повеќе клинички центри, додека најтешките случаи со над 30 отсто се третираат само во Воено-медицинската академија (ВМА) и Клиничкиот центар во Белград.
– Нашиот национален одговор на инциденти со изгореници се заснова на вмрежување со други здравствени институции. Тоа се локалните болници, здравствени центри, и шест главни болници. Тоа се Клинички центар Ниш, Клинички центар Нови Сад, Клинички центар Крагуевец, Клинички центар Чуприја, а главните се Воено-медицинската академија (ВМА) и Клиничкиот центар во Белград. Тоа е круната на сите овие институции … Претходните клинички центри Ниш, Крагуевац, Чуприја и Нови Сад, третираат изгореници со под 30 проценти ТБС, додека над 30 проценти ТБС се третираат само на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград и во нашата главна Клиника, затоа што имаат многу напредна инфраструктура со современи услови за прием, добра опрема, одлично обучен тим на пластични хирурзи и мултидисциплинарен тим за поддршка, појасни Јовиќ.
Додаде дека Клиниката во која тој работи располага со 70 кревети на одделот за изгореници, седум единици за интензивна нега, десет дополнителни кревети, две операциски сали и можности за кожни трансплантации. Јовиќ нагласи дека тие капацитети овозможуваат справување со најтешките степени на изгореници.
Во Србија при првичен прием во локални или регионални установи, Јовиќ истакна дека најнапред се стабилизира пациентот, се преземаат мерки за превенција од шок од изгореници и се контролира болката, по што пациентите се упатуваат во еден од специјализираните центри. Јовиќ додаде дека протоколите што ги применуваат се усогласени со европските препораки за третман на изгореници.
Д-р Синиша Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира со сите капацитети
Тоа утро и тие неколку дена коишто следеа бев сведок на една безрезервна колегијалност, највисока меѓусебна поддршка, соработка и комуникација и доказ дека здравствениот систем навистина може да функционира. Може да функционира со сите свои капацитети. За жал, доказот беше онаа голема трагедија која што не сплоти, но ни отвори простор да научиме многу како треба да се подготвуваме, како треба да комуницираме и функционираме на дневна основа и како треба здравствениот систем да го јакнеме во насока на поставување една национална здравствена стратегија која што ќе не подготви не само за ситуации како што беше трагедијата во Кочани, туку и за дневно функционирање, за потребите на нашите пациенти. Ова го нагласи д-р Синиша Стојановски, директор на ГОБ „8 Септември“, кој го модерираше панелот.
– Би сакал да го изразам своето сочувство до сите жртви на оваа страшна трагедија која што се случи пред точно година дена. Целта на овој панел е да се фокусираме на националниот здравствен одговор, се што се случуваше тој кобен ден, тоа кобно утро, на кој начин нашите здравствени институции функционираа и на кој начин практично националната здравствена грижа успеа да даде максимум како во меѓусебната комуникација и координација, така и во згрижувањето, тријажата и акутниот третман на повредените, селекцијата на тоа кои од повредените требаше да бидат транспортирани во високо софистицираните центри, коишто се посветени и коишто работат со повредени од ваков тип изгореници и масовни катастрофи, и кои лекции ги научивме од оваа страшна трагедија, рече д-р Стојановски.
-Тоа кобно утро најголемиот дел од болниците навистина добија насока да го мобилизираат својот персонал. Иако имавме податок дека се работи за голема трагедија, не бевме свесни колкав е навистина екстензитетот на трагедијата. Како што почнавме да ги добиваме информациите, полека сфативме дека се работи за трагедија која што е од голем размер и која што капацитетите на болниците коишто се инволвирани многу бргу ќе ги стави на тест.
Посочи дека Клиничката болница во Штип направила и одлична тријажа и одличен иницијален третман на повредените, што практично овозможило на болниците во Скопје да добијат навремена информација, каков тип на пациенти ќе бидат трансферирани, за каков тип на повреди станува збор, со колкав екстензитет на повредите, и според него тоа само ја докажало функционалноста и на институциите на системот и на здравствените институции, коишто оваа трагедија ги сплоти во едно.

Захариев: Штипската болница во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани
Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата, го презеде првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени, изјави директорот на болницата Влатко Захариев.
Захариев истакна дека во првите 60 до 70 минути во болницата пристигнале околу 40 пациенти со изгореници, по што итно бил мобилизиран персоналот. На повикот за помош, тој истакна дека се одзвале околу 90 до 100 вработени, меѓу кои лекари, медицински сестри, анестезиолози, фармацевти, болничари и друг персонал. Во првиот час, како што рече, биле формирани околу десет тимови кои што вршеле првична тријажа, поставување венска линија, инфузија, аналгетска и антибиотска терапија и преврска. Пациентите потоа биле подготвувани за транспорт во координација со другите здравствени установи.
За околу 45 минути од првиот прием, Захариев посочи дека почнал транспортот кон терцијарното здравство во Скопје, истакнувајќи дека првично биле испраќани полесните пациенти, со цел скопските болници да не бидат веднаш изложени на целосниот удар, додека потешките и критични случаи биле стабилизирани и потоа етапно транспортирани.
– Морам да се заблагодарам и на директорите на регионалните здравствени установи од целиот исток, сите се јавија, и несебично го упатија својот персонал во Клиничка болница Штип, а исто така и транспортните возила, брзата помош, беа најбрзо што можеа во болницата. Така, за околу 45 минути од првиот прием веќе почна транспортот кон вас, трициерно здравство и „Мајка Тереза“. Како што приметувавте, прво беа полесните пациенти, тоа беше наша одлука за да го спречиме тоа плато да не бидете вие директно на удар, туку прво да ги згрижиме полесните пациенти за потоа кога ќе ги стабилизираме потешките пациенти и критичните, да ви ги праќаме етапно за да може да ги згрижувате како што треба. Мислам дека и таа стратегија допринесе да немаме друг изгубен живот – истакна Захариев.
Во штипската болница, до 8 часот, како што рече, биле евидентирани 49 болнички приеми на пациенти со средно тешка и тешка клиничка слика. До 15 часот во болницата останале околу 30 стабилизирани пациенти, а по натамошна координација со скопските клиники, до 22 часот повеќе немало повредени задржани во болницата.
Захариев оцени дека добрата координација и тријажа придонеле да не се изгуби ниту еден дополнителен живот и изрази благодарност до директорите на регионалните здравствени установи од источниот дел на државата, кои, како што рече, несебично испратиле персонал и транспортни возила за помош.