Тонкин и Кешќец наградени за Мал формат и МиниАРТура, „Вангел Коџоман“ за Смилков и „Константин Мазнев-Коце“ за Чепишева
На вчерашното отворање на иложбите Мал формат и МиниАРТура во Културно информативниот центар во Скопје, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги додели наградите на уметниците кои се изразуваат преку овие ликовни формати.
УметничкиотсСовет на ДЛУМ оваа година ги награди авторите Ненад Тонкин за Мал формат, и Давор Кешќец за МиниАРТура.
Воедно Културно Информативниот Центар исто така додели две награди, “Вангел Коџоман” на Никола Смилков за мал формат и наградата “Константин Мазев – Коце” на Марија Чепишева за мал формат.
Од ДЛУМ упатија честитки до наградените и потсетуваат дека изложбите Мал формат и МиниАРТура ќе бидат отворени за посета до 10.11.2025 година во Културно информативниот центар во Скопје