Тони Михајловски ја напушта Македонија

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил на Фејсбук објави статус во кој ја откри својата желба.
Неговата објава предизвика лавина коментари и за само два часа од објавата привлече 1,1 илјади лајкови. Додека некои изразија разбирање за неговата одлука, други се прашуваат што се случило и од каде ваква одлука…
„БЕГАЊЕТО НЕ Е РЕШЕНИЕ ВО ЖИВОТОТ. НО СЕПАК СЕКОЈ СИ ЗНАЕ НАЈДОБРО ШТО САКА ОД СВОЈОТ ЖИВОТ И ШТО Е НАЈУБАВО ЗА НЕГО“, БЕШЕ ЕДЕН ОД КОМЕНТАРИТЕ НА ШТО ТОНИ ОДГОВОРИ „НЕМА ДА БЕГАМ. ЌЕ СИ ЗАМИНАМ ОД ОВАА НЕБИДНИНА“.
Михајловски, кој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше кандидат за градоначалник за родното Куманово од таа партија на последните локални избори, годинава.