Том Круз ќе има „невозможна мисија“ на затворањето на Олимпијадата во Париз?

Според TMZ, Том Круз би можел да има голема улога во затворањето на игрите во Париз на 11 август и нивното поврзување со следните кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година.
TMZ пишува дека ТВ преносот требало да го вклучи патувањето на Том со авионот со олимпиското знаме од Франција до Лос Анџелес, каде што ќе се спушти со падобран до познатиот холивудски знак во Лос Анџелес. Ова би го означило примопредавањето.

Се наведува и дека се е снимено уште во март. Сепак, претставниците на Том за медиумите се уште не се изјасниле за споменатите наводи.
Том учествуваше на церемонијата во 2004 година кога помогна да се носи факелот низ Лос Анџелес како дел од штафетата низ светот пред Летните олимписки игри во Атина, Грција.
Деновите на игрите актерот ги поминува во Париз, каде засега ги следел натпреварувањата во гимнастика и пливање.