Тинејџерка од Гостивар тешко повредена откако паднала при напад од улични кучиња
Тинејџерка од Гостивар завршила со тешки повреди откако паднала при обид да избегне напад од улични кучиња.
Во ОВР Гостивар, на 04.05.2026 година во 08:50 часот, од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била примена 19-годишна девојка од Гостивар.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.