Тимот на Бајден размислува за времен заштитен статус за имигрантите


Идната администрација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден разгледува план за заштита од депортирање на повеќе од еден милион имигранти од Хондурас и Гватемала.

Тоа се случува откако овие две земји беа погодени од урагани минатиот месец.

Преодниот тим размислува дали да им се додели времен заштитен статус.

Таа програма им овозможува на луѓето, кои биле во САД во време на именувањето на Бајден да останат и легално да работат доколку нивните матични земји се погодени од природни катастрофи, оружени судири или други случувања кои го спречуваат нивното безбедно враќање.

Времениот заштитен статус трае од шест до 18 месеци и може да се обнови.