Тимчо Муцунски ќе прави зелена населба од Аеродром


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски денес насади седум дрвја, за да најави симболично седум проекти што ќе ги спроведе како градоначалник. Откако претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Конески, ја избетонира населбата со илјадници нови станови, Муцунски најави дека ако победи, ќе работи на тоа Аедродром да стане „чист, зелен и безбеден“.

-Имаме политичка програма со седум клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум. Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас. Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија, порача Муцунски.