Тимберлејк уапсен за возење под дејство на алкохол


Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) е уапсен во Хемптонс поради возење под дејство на алкохол, пренесуваат американските и странските медиуми.

Пејачот бил уапсен во понеделникот вечерта, а денеска ќе оди на суд.

Поп- ѕвездата се сретнал со пријателите во хотел пред да биде уапсен и бил запрен набргу откако влегол во својот автомобил и почнал да вози.

Инаку, тој викендов најави настапи во Чикаго и следната недела во Њујорк. 

Сопругата на Тимберлејк, Џесика Бил, била во Њујорк каде ја снима серијата на Амазон „Подобрата сестра“. Таа претходно постираше  ретка фотографија со сопругот и двата сина, за Денот на татковците.