„The Show Must go On” – концерт на „Парни Ваљак“ на 18 мај во „Јане Сандански“


На 18 мај во салата „Јане Сандански“ е закажан концерт на „Парни Ваљак“, во организација на Авалон.

„Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа ,,The Show Must go On”, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки.

Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно онака како што изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата… и Авалон одлучи дека едноставно дојде време Парни Ваљак повторно да свири во Скопје, се вели во соопштението до јавноста.

За скопскиот концерт на Парни Ваљак своја изјава даде и лидерот на бендот, Хус, кој заедно со Парни Ваљак оваа година ќе ја добие најпрестижната можна награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело:

,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана.

Се разбира дека, во приказната за Парни Ваљак, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца.”

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (6 март) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следниве цени и категории:

 

Партер – 700 денари

Фан пит – 1.000 денари

Silver seats – 1.200 денари

Golden seats – 1.500 денари