Тетовец и охриѓанец најдени мртви во своите станови

Двајца мртви мажи пронајдени се во саботата секој во своето живеалиште, брз траги на насилство, соопшти МВР.
Имено, околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој живеел на ул.„Лихнида“ бил пронајден починат А.Д.(55). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Нешто порано истиот ден, околу 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„Илинденска сага“ бил пронајден починат И.И.(47). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.