Тетовчанка си го убила сопругот, па сама се пријавила во полиција
Денеска, во 11.35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И..
Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С..