Тешко повредено 18-годишно момче од Охрид по удар од автомобил


Фото: Б. Грданоски

Осумнаесетгодишно момче од Охрид е тешко повредено откако во него удрил автомоил „Ауди А3“, управуван од негов 19-годишен сограѓанин, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера попладне на кејот „Македонија“ во Охрид. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „Фолксваген транспортер“ со тетовски ознаки.

Екипа од Свр Охрид извршила увид на местото на настанот.