Тешка сообраќајка кај „Скопјанка“


Рано утрово во 5.30 часот  на крстосницата на булеварот „Кузман Ј. Питу“ кај „Скопјанка“ во Аеродром се случи уште една тешка сообраќајка.

Се судрија патнички автомобил и  комбе, но за среќа немаше жртви туку тројцата патници добија полесни повреди, иако еден од нив беше однесен со Брза помош.