Терористот од Виена признал сѐ, соучесниците биле од хрватско и турско потекло
Осомничениот терорист со потекло од Македонија, Беран Алији со прекар Мухамед, си дал отказ на работа на 25 јули и притоа рекол дека има „големи планови“
Истрагата на австриската полиција открила дека уапсениот осомничен терорист со потекло од Македонија, си дал отказ на работа на 25 јули и притоа рекол дека има „големи планови“.
Откако ја напуштил работата, 19-годишникот наводно се фокусирал на подготовка на терористички напад и го променил изгледот за да го прилагоди на таканаречената пропаганда на исламска држава. Руф рече дека тој веќе направил експлозивни направи во својот дом во Терниц во источна Австрија. Во неговиот дом полицијата пронашла и бројни хемиски супстанци и технички средства. Тој наводно планирал со неговиот автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот „Ернст Хапел“ за време на концертот, а потоа да ги нападне со мачети и ножеви. Полицијата извести дека тој „признал сè“.
Ова е 19-годишникот кој планирал напад на концертот денес
Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена. Ова е Беран Алији со потекло од Гостивар и со прекар Мухамед. Полицијата соопшти дека за време на сослушувањето тој не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.
Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“. Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.
Осомничени се четворица
Од она што досега е позннато, покрај 19-годишникот, уапсен е и 17-годишник, а осомничени се уште неколку други лица.
„Еден од тројцата што се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија“, изјавија властите во Виена. Според австриските медиуми неговото име е Лука К.
„Кронер цајтунг“ пишува дека осомничени се четворица и во моментот се под полициски надзор. Едниот од нив е 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, кој веќе ѝ бил познат на полицијата. Меѓу нив има и петнаесетгодишник со турско потекло.
„Исламскиот екстремизам ни претставува незамислив предизвик“, предупреди шефот на австриската полиција. „Терористите лесно можат да допрат до луѓето на Интернет. Она што паѓа во очи е дека насилниците се сѐ помлади и помлади и се зборува за таканаречени ТикТок џихадисти кои се радикализираат на Интернет. Секој може да преземе инструкции од исламистичките групи како да се направат бомби“, порачаа од Виена.
Во куќата на главниот осомничен биле пронајдени водород пероксид и експлозивни направи. Запленети се и „магични уреди, ножеви, анаболни стероиди и фалсификувани пари“.
Според нивни оценки, опасноста од исламистичкиот екстремизам значително се зголеми во Европа по ужасниот напад на Хамас врз Израел. Според министерот за внатрешни работи, време е да се дозволи следење на месинџер сервисите каде што терористите комуницираат бидејќи властите мора да бидат способни да ја вршат својата работа на „современ начин“ во интерес на населението. Истовремено, тој нагласи: „Нашата државна безбедност работи! Меѓународното вмрежување се врати на своето место“.
Инаку, македонското МВР потврди дека добило барање од Виена за проверка на лицето што е обвинето за тероризам, а има потекло од нашата држава, иако реално Мухамед е роден во Австрија.