Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка


Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција во Конзервативната партија и од премиерската функција.

Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.

Британскиот Парламент трипати го отфрли Договорот за Брегзит, за кој Меј со месеци преговараше со Брисел. Таа беше принудена да го пролонгира Брегзит неколку пати, а последниот утврден рок за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

Меј оставката ја најави на 24 мај по низата обиди да ги убеди пратениците да го прифатат договорот за Брегзит. Таа на лидерската позиција на Конзервативната партија ќе остане се до именување на нов партиски лидер, што е предвидено до крајот на јули.

Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. Тој беше еден од главните заговорник на Брегзит.