Тепачки низ Македонија, татко нападнал ќерка
Повеќе тепачки се случиле низ републикава во последното деноноќие, а нападнати се непознати лица, татко тепал ќерка, се тепале пред обложувалница, сендвичарница, пред училиште…
Во, 21.40 часот во СВР Скопје, Р.А.(24), О.Ј.(25) Л.Е.Ј.(21) и С.Н.А.(20) пријавиле дека на плоштад на подрачје на Центар биле физички нападнати од неколку лица при што едно од лицата со остар предмет им оштетил лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 1.30 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во двор на семејна куќа на подрачје на Карпош по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзиниот татко Д.М.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 20.12 часот во СВР Куманово, С.К.(56) од Куманово пријавил дека во Куманово дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот од една страна и М.К.(40) и М.К.(61), двајцата од Куманово, од друга страна. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
Во 20.40 часот во СВР Тетово, Ф.Б. и Н.М.(32) двајцата од Тетово пријавиле дека околу 20.20 часот пред обложувалница во Тетово по претходна расправја биле физички нападнати од Б.З.(26) од Тетово и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќта околу 1 часот во СВР Тетово, Б.З.(25) од Тетово пријавил дека на 28.05.2021 околу 22,30 часот додека бил заедно со Ш.Н. во Клиничка болница Тетово билe физички нападнати од В.Н. а по претходна расправија и претходно случен физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека пред сендвичара во Велес, Д.З.(34) од Велес по претходна расправија бил физички нападнат од А.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 23.40 часот во СВР Велес, Д.Ј.(22) од с.Лозово пријавил дека околу 23.30 часот на паркинг кај основно училиште во Велес поради недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од С.М. од с.Согле-општина Чашка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.