Тепачки низ целата земја, се тепале малолетници но и полицајци
Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен на територијата на целата држава.
Утрово, во 11.15 часот во ОВР Кавадарци, 17- годишен малолетник од село Дреново, Кавадаречко пријавил дека ноќеска, половина час пред полноќ во селото бил физички нападнат од Ф.Б. и Х.Ј. двајцата од истото село.
Во саботата, околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред пазар на подрачје на Центар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Т.(43) и Љ.С.(56), додека П.Д.(44) агресивно се однесувал, сите од Скопје.
Петнаесет минути по полноќ, пак, во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(44) и Ж.Н.(43) двајцата од Скопје, од една страна и М.М.(25) од Куманово и С.С.(26) од Скопје, од друга страна.
Вчера, во 19 часот во полициска станица Македонски Брод, од З.К.(37) од с.Близанско, Македонски Брод било пријавено дека околу 180 часот пред продавница во село Суводол, Македонски Брод тој и С.Б. од село Самоков биле физички нападнати од Н.М. од село Ропотово.
Во 22.15 часот во СВР Куманово, Р.Р.(44) пријавил дека околу 19.30 часот во близина на маркет во село Љубодраг по претходна расправија бил физички нападнат од повеќе лица.
Половина час по полноќ, во СВР Куманово, С.Т.(25) пријавила дека на плоштад во Куманово била физички нападната од Д.Ј.(41).
Утрово во 6 часот во СВР Охрид, З.Р.(28), Б.Ч.(28) и Р.С.(23) сите од Струга пријавиле дека пред угостителски објект во с.Волино биле физички напднати од К.С., И.Т. и уште едно лице, сите од село село Волино.
Вчера, во 19.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект во село Луковица – Македонска Каменица, Д.С.(44) од Македонска Каменица физички го нападнал Д.Т. од Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во петокот пак, во Полициска станица Гевгелија, Ѓ.М.(37) од Гевгелија пријавил дека околу 20.30 часот во круг на основно училиште во Гевгелија неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.С.(56) од Гевгелија.
Во саботата, околу 19.20 часот во село Требино, Македонски Брод од полициски службенци се приведени С.Ц.(31) од с.Требино, Љ.В.(30) од с.Челопек,тетовско, Т.П.(36) од с.Долно Седларце,тетовско и С.Ц.(71) од с.Требино кои агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.
По документирање на случаите против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.