Тепачки низ целата земја, се тепале другари, малолетници, но се напаѓале и полицајци
Повеќе физички пресметки нотира денешниот МВР билтен, при што се тепале малолетници, другари, познаници, а нападнат бил и полицаец.
Во саботата, во 14.10 часот било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“, поради претходно нарушени меѓусебни односи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.Ф.(37) и Н.Ф.(46), двајцата од с.Зелениково од една страна, и А.Д.(32) од с.Страхојадица, од друга страна, во која бил употребен и остар предмет.
Истиот ден во, 1 часот П.К.(19) од Куманово пријавил дека на 03.21.2021 околу 22.30 часот во Куманово бил физички нападнат од Д.Д. од Куманово.
Во 1.30 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода Ѓ.Д.(32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.
Во 16.10 часот С.А.(37) од Куманово пријавил дека во Куманово, на регионален пат кај место викано „Ливади“, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет.
Во неделата, 40 минути по полноќ, било пријавено дека во угостителски објект во Радовиш, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.П.(19) и Б.С.(20), двете од Радовиш.
Во 2 часот по полноќ, било пријавено дека во Неготино, на бензиска пумпа, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(34), од една страна, и Д.Ш.(34), Ј.Ф.(30) и Ј.С.(34), од друга страна, сите од Неготино.
Во 1.15 часот било пријавено дека на 04.12.2021 околу 23.30 часот во угостителски објект во Тетово, малолетник од Тетово бил физички нападнат од друг малолетник со кого од претходно се познавале.
Во 4.10 часот А.Н.(18) од с.Сараќино пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Б.З.(18) од Тетово, со кого се познавал од претходно.
Во саботата, во 13.40 часот Д.С.(27) од Тетово пријавил дека околу 00.45 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 17-годишник од Тетово, со кого се познавале.
Во 18 часот А.Б.(59) од с.Долна Бањица, гостиварско пријавил дека околу 16.20 часот во Гостивар, во кругот на регионалниот склад на Шумско стопанство „Шар“ од Гостивар, каде работел, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.А.(29) од Гостивар.
Во 9.30 часот, во саботата, А.Ј.(66) од с.Леуново, мавровско, пријавил дека во с.Леуново, по претходни расправии, бил физички нападнат од Ј.Н.(36) од Скопје.
Во петокот, во 17.40 часот било пријавено дека во автобус бр.41 на ЈСП, кој се движел на релација Скопје–Драчево, кај раскрсницата за с.Батинци, В.Ф.(19) од с.Палиград бил физички нападнат од четири лица на возраст од околу 20 години.
Се работи на расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.