Тепачки низ цела Македонија
Повеќе тепачки се пријавени во полиција во изминатото деноноќие, а една жена нападнала и полицајци.
Во СВР Велес вчера во 14.30 часот Д.Д.(43) од Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица.
Во 21.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.О.(45) и А.Т.(27), од една страна и С.К.(25) и Љ.К.(60), од друга страна, сите од с.Љубанци.
Во 21.25 часот А.Б.(46) од Тетово пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово бил физички нападнат со тврд предмет од Н.Ј.(35) и уште неколку лица од с.Селце.
Во 17.42 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Радишани, Љ.Н.(66) од Скопје бил физички нападнат со тврд предмет од М.С.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(72) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 07.04.2021 во Тетово пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Во 22.55 часот В.М.(30) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од Н.Н.(30) од Скопје.
Во 12.40 часот од полициски службеници од Полициската станица Пробиштип бил лишен од слобода Г.Ѓ.(42) од Пробиштип, поради тоа што физички нападнал четири лица. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во Психијатриска болница „Негорци“ за укажување на лекарска помош.
Во 20.25 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош била приведена В.К.(44) од Скопје, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејства.
Во 14.40 часот И.К.(34) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица.
Се работи на расчистување на случаите.