Тепачки меѓу малолетници поради недоразбирања на социјални мрежи
Три одделни тепачки меѓу малолетници се случиле изминатово деноноќие, а за едната причина биле недоразбирања на социјални мрежи.
Имено, како што соопшти МВР, во саботата во 22.30 часот А.Б.(41) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање на социјалните мрежи, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Истиот ден во 17 часот Е.М.(49) од Скопје пријавила дека во петокот, околу 15 часот на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била нападната од малолетник. Се работи на расчистување на случајот.
Во 18.30 часот во Полициска станица Карпош, К.З.(39) од Скопје пријавил дека околу 13 часот, во близина на училиште, неговата малолетна ќерка, поради претходна расправија, била нападната од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.