Тепачка во Советот на Општина Охрид: Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА
Денеска на седницата на Советот на Општина Охрид дојде до физичка пресметка помеѓу советниците. Советник на ДУИ нападнал физички советник на БЕСА.
Oд партијата на Билал Касами велат дека нападот врз нивниот советник Џелал Мена од Нефи Усеини е пријавен во полиција.
„Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминалиирано и корумпирано овој политички субјект. Движењето БЕСА нема да молчи за акти на насилство што може да ги практикува локалните “бандити” на ДУИ. Исто така, апелираме до други политички партии да го осудат насилството извршено од страна на ДУИ и сите колективно да ги изолираат и да ја испратат во историјата оваа структура на корумпирани и криминализирани кои ја држаат во заложништво иднината на Албанците„“ – стои во соопштението од БЕСА.