Тензично на протестот за „Монструм“ – демонстрантите ја каменуваа полицијата, употребени шок бомби


(Фото: Б.Грданоски)

Протестот против осудителните пресуди во случајот „Монструм“ ескалира откако од групата граѓани кои протестираа беа фрлани камења кон кордонот полицајци.

Без успех завршија напорите да се смират тензиите. Полицијата употреби шок бомби по што толпата беше разбиена. Се слушаат и ситрени на возила на Брза помош.
Инцидентот се случи кога се чинеше дека протестот е завршен и кога организаторите ги повикаа учесниците да се повлечат. Но група учесници при повлекувањето ја каменуваше полицијата која ги обеззедуваше околните излези кон Старта чаршија.

Протестот што го организираат роднините на осудените во случајот „Монструм“ започна денес по 13 часот во Чаир, а се префрли кај крстосницата пред Кривичниот суд во Скопје, до деловниот центар Мавровка, каде што силни полициски сили го попречија натамошното движење на учесниците во протестот.
Атмосферата беше тензична откако група протестанти се обиде насилно да го пробие кордонот полицајци удирајќи ги со нозе по штитовите.

(Фото: Б.Грданоски)

Пред три дена судот изрече три доживотни казни затвор, две затворски казни од 9 и 15 години и една ослободителна пресуда за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Со првостепената пресуда Основниот кривичен суд во Скопје во вторникот  на доживотен затвор за тероризам ги осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда поради немање докази.