Температурите стигнаа до 41 степени, подносливо само на Попова Шапка и во Лазарополе


Според најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи термометрите во 14 часот покажуваат екстремно високи вредности низ целата земја.

Највисока температура од 41.0°C е измерена во Демир Капија, додека Гевгелија е веднаш зад неа со 40.7°C. Речиси сите мерни станици регистрираат температури над 35°C, што ја потврдува сериозноста на топлотниот бран.

Еве преглед на температурите измерени во 14 часот: