Технолошките експерти велат дека никогаш не треба да го полните телефонот преку ноќ


Технолошките експерти велат дека никогаш не треба да го полните телефонот преку ноќ ако сакате да го продолжите животниот век на батеријата.

– На повеќето паметни телефони од новата генерација им требаат помеѓу 30 минути и два часа за целосно полнење – вели Ритеш Чуг, вонреден професор по информатичка и комуникациска технологија на Универзитетот „Ес-кју“ во Австралија.

– Затоа, полнењето на телефонот преку ноќ не само што е непотребно, туку и го забрзува стареењето на батеријата – објаснува и додава дека ова се случува затоа што литиум-јонските батерии што ги напојуваат модерните паметни телефони хемиски се распаѓаат како резултат на шемите на полнење, температурните флуктуации и количината на употреба на уредот.

Во случај на полнење преку ноќ, тоа би значело дека вашата батерија добива „засилување“ што е четирипати подолго отколку што е потребно. Освен што не е одличен од безбедносна гледна точка (иако добрата вест е што повеќето уреди автоматски престануваат да се полнат кога нивната батерија ќе достигне 100 отсто за да се спречи прегревање), проблемот е тоа што апликациите работат во заднина цела ноќ, па батеријата на уредот неизбежно паѓа на 99 отсто.

Секогаш кога ќе се случи тоа, полнењето повторно почнува.

– Постепеното полнење може да ја истроши батеријата со текот на времето. Затоа, многу производители имаат функции за нејзино регулирање. Епл-уредите нудат функција за одложување на полнењето кога батеријата ќе достигне 80 отсто. „Самсунг галакси“ даваат можност за ограничување на 85 отсто – вели Чуг.

Друга работа особено штетна за животниот век на литиум-јонските батерии е кога целосно ќе го испразните вашиот телефон.

– Наместо тоа, гледајте телефонот да е од 20 до 80 отсто – објаснува Чуг.