Таравари: Пристигнаа вакцините за сезонски грип


Фото: Б. Богдановска

– Пристигнаа вакцините за сезонски грип и од понеделник почнува дистрибуцијата по здравствените домови, изјави денес министерот за здравство Арбен Таравари на  одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје. Не прецизираше кој вид на вакцина, истакна, досегашните, четиривалентната од странскиот производител Абот од Холандија. 

Во Македонија, уште официјално не е почнато пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи, со аплицирање на страницата vakcinacija.mk, со соопштение од Министерството за здравство. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. 

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
 
„Треба да се нагласи дека сезоната на вакцинација против сезонскиот грип трае од почетокот на октомври до крајот на март и дека е исклучително важно граѓаните што поскоро да ја добијат, со цел навреме да се развие имунитет против вирусот на грип , во рок од две или три недели“, велат докторите.

Во регионот веќе започна вакцинацијата против сезонски грип.