Таравари: Болниците во Штип и во Кичево да бидат готови за две години


Болниците кои подолго време, а некои и со децении не се доградени, министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека ќе бидат готови за две години, а во меѓувреме најавува годинава да се завршат „Св. Еразмо“ во Охрид и болницата во Штип.

Исто така, во план се обнова и реновирање на повеќе оддели и тоа во Клиничкиот центар во Скопје, како и во други болници во Тетово, Гостивар и други градови.

на тој начин, министерот тврди дека ќе се подобрат условите и за пациентите и за персоналот кој работи таму.

– Сите болници се оставени така како што се оставени и ние се надевам дека после јуни ќе започнеме проект за реновирање на болницата, односно за нова болница и во Штип и во Кичево. Условите во болниците се тие што се, генерално. За жал за 30 години не е изградена ни една нова болница: Струмица, „Св. Еразмо“, Кичево, Штип кои се започнати и останати се така како што, работено е година, две, три и после е оставено. Јас се надевам дека некои од овие проекти ќе ги продолжиме – рече Таравари денеска, одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники.

Тој вели дека невозможно е да се направат започнатите болници за брзо време.

– Јас ви кажав дека оваа година план ни се четири болници, за да започнеме: Штип, Кичево, „Св. Еразмо“ и Струмица. И реновинрање на оддели и тука на Клинички , меѓутоа и во други болници, во Тетово, во Гостивар, во други болници одредени оддели, меѓутоа нови болници за шест месеци, една година, невозможно е да се направи. јас сум оптимист барем во Струмица, „Св. Еразмо“ да завршиме оваа година, а Кичево и Штип да продолжиме со работите барем да се работи интензивно и се надеваме за две години да бидат готови новите болници во Штип и во Кичево – рече Таравари.

Болницата во Кичево поната е да се гради во 1985 година, таа во Штип е започната пред девет години, односно во август 2015 година, новото крило на струмичката болница пак е почнато пред 33 години…