Таравари: Белата наметка поцрне
Поранешниот министер за здравство, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на политичката партија Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, инаку доктор по професија, на својот Фејсбук профил се огласи за скандалот на скопска Онкологија.
„За скандалот на Клиниката за онкологија, Алијансата за Албанците алармираше до декември 2022 година. Но, никој не реагираше и се сметаше за реакција на отпад. Не сакам да верувам дека е вистина дека инаку белата наметка поцрнува, лицемерната заклетва се претвора во активност на Менгеле и веќе нема М од медицината. Како доктор со дведецениско искуство чувствувам срам, срам и жалам за овие постапки кои се чини дека се случуваат во настани од минатото и ги претворија зградите на надежта во логори на смртта и најкомплицирана е штетната порака што им се пренесува на новите генерации. Законот мора да биде безмилосен!“ напиша Таравари на социјалната мрежа.
Со реакција се јави и Стефан Богоев од СДСМ:
„Јас поминав цели 4 месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки.Кој не бил, не знае што тоа значи. Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна!
Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците!За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело“, напиша тој на Фејсбук.