Како сведок во денешната надзорна расправа за Алта банка Битола во собраниската Комисијаза финансирање и буџет учествуваше и Трифун Костовски, сопствеикот на Еуростандард банка, која пред неколку години ја изгуби дозволата за работа од страна на Народната банка и отиде во стечај. Неговото учество во расправата, беше повод за повеќе интервенции од страна на пратениците, фокусот да бидат случувањата околу Алта банка Битола, а не Еуростандардф банка за која своевремено се одржа надзорна расправа во Собранието.
Во таа насока, Костовски рече дека не е против спасувањето на Алта банка и дека ја поддржува секоја одлука со која ќе се зачува стабилноста на банкарскиот систем. Сепак, тој праша зошто законските можности кои сега се искористени во администрирањето со битолската банка не биле применети и во случајот со Еуростандард банка.
Според Костовски акционерите не се повлекле од Еуростандард банка и ги платиле казнита, како и дека вложиле 13 милиони евра свеж капитал, само шест месеци пред НБМ да ја одземе дозволата за работа. Сето ова, како што посочи, се случувало во време на пандемијата со Ковид кога постоела забрана за присилна наплата на побарувањата.
Пратеникот од СДСМ, Миле Талески, го праша Костовски како бизнисмен и човек од банкарскиот сектор, да одговори во која улога е повикан да сведочи на втората Надзорна расправа за Алта банка, како гледа на овој скандал и улогата на Народната банка, какви сознанија има за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, неговите бизниси и потеклото на капиталот со кој банката влезе во Македонија.
Талески реагираше на обидите расправата да се пренасочи кон други теми, посочувајќи дека Костовски е повикан во Собранието да одговори на прашања поврзани со Алта банка, а не повторно да се отвораат случувањата со неговата банка од 2020 година.
Тој нагласи дека граѓаните очекуваат конкретни одговори за сомнежите околу спорниот капитал и шемите за влез на српската Алта банка во Македонија, а не дефокусирање од суштинските прашања.
Од друга страна, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска побара од Костовски да одговори дали пред затворањето на Еуростандард банка имал средби со поранешни високи државни функционери и дали поседува докази за такви контакти. Таа го праша и кои конкретни механизми за спасување на банката ѝ стоеле на располагање на Народната банка, а не биле искористени.
Костовски во текот на расправат рече дека поддржува соработка меѓу институциите и Владата во случајот со Алта банка.
Истовремено, ги отфрли тврдењата за наводни средби со тогашниот премиер Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска пред затворањето на Еуростандард банка. Посочи дека неговиот син на 12 август имал средба само со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски.Талевски, пак,
Талески побара од Костовски да одговори дали има непосредни сознанија за сопственичката структура на алта банка и потеклото на капиталот и дали лично го познава Давор Мацура, дали ги познава неговите бизниси и какви сознанија има за потеклото на неговите пари и деловниот кредибилитет.
Талески повторно реагираше на избегнувањето на суштинската тема на расправата и побара од Костовски да се произнесе за улогата на Народната банка и гувернерот во целиот процес.
„Денешна тема на дискусија е Алта банка и затоа со навраќање од 2020 година се избегнува едно суштинско прашање, тоа поради кое што сме дојдени тука денес, а тоа е овој криминал што се случува со Алта банка. Костовски очигледно ја гледаме вашата улога која е тука во собрание и на оние коишто ве повикаат тука да сведочите нив ги нема за присуството политичката партија Левица. Очигледно има некаков си договор за да се прави дефокус од она коешто ги интересира граѓаните. Тоа е во овој момент Алта банка“, рече Талески.