Европските награди за најдобри фестивали (European Festival Awards) и годинава ги вклучија номинациите за Д-Фестивал и Таксират Фестивал во категориите: Д-Фестивал за најдобар мал фестивал, и Таксират за најдобар фестивал со средна големина и најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор.
Веќе неколку години по ред, двата најпосетени македонски фестивали за локалната и регионалната јавност – според гласовите на домашните и меѓународните фанови – со својата атрактивна и еклектична програма привлекуваат сѐ повеќе публика и стануваат препознатливи како македонски музички фестивали супер-брендови. |