Такси-превозот во Скопје останува по стара цена


Фото: Б. Грданоски

Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси компаниите, предложени се измени на цените на такси услугите, но само 23 советници гласаа за оваа измена на денешната седница, додека за да се донесе одлуката потребни беа 26.

Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град,  но сепак на сила остана тарифникот кој важи веќе 11 години.

Трите тарифи беа усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. При формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.