Така е кога слепо се препишува од Интернет, па Монт Еверест во учебниците е висок 29.035 метри (а тоа се стапки)

Многу грешки кои се срамни и за авторките на учебникот „Историја и општество за V одделение“, Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, но и за рецензентите


 

Изгледа дека оние што ги пишуваат учебниците за основните одделенија многу лесно ја сфатиле својата задача, па брзајќи да ги исполнат задачите тие да стигнат до учениците прават патастрофални грешки кои се потсмев не само за стручните лица, туку за обичната јавност.

Така во учебникот „Историја и општество за V одделение“ авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска напишале дека највисокот врв на планетава, Монт Еверест на Хималаите, е „највисоката точка на Земјата со 29.031 метар надморска височина“.

Или дека Мртвото Море на Блискиот исток е најниска точка во светот – 1.400 метри под морското ниво.

Или дека Нил, најголемата река во светот, која тече низ Африка, „се протега од Судан до Средоземното Море“.

Ангеловска и Илиоска требало добро да погледнат кога ги преземале податоците од интернет дека 29.035 стапки (мерна единица која во паралелна употреба во САД и Велика Британија), а не метри, бидејќи Монт Еверест според последните мерења е висок точно 8.848,86. А и бројката во стапки не е точна – таа 29.031. И дека Мртвото Море се наоѓа на 430,5 метри (или 1,412 стапки) под морското ниво.

А дека Нил не се протега од Судан до Средоземното Море, туку дека огромната река е всушност, составена од две реки – Белиот Нил и Синиот Нил. Ниту една од нив не извира во Судан. Белиот Нил истекува од езерото Викторија, па преку Уганда и Јужен Судан (тоа е најмладата држава во светот, ако не знаеле авторките на учебникот) влегува во Судан. Синиот Нил почнува од езерото Тана во Етиопија и влегува во Судан, за тие двете реки да се спојат кај главниот судански град Картум и оттаму имаат едно име – Нил. Ако Нил се протега од Судан не ќе може да биде долг 6.650 километри, како што пишува во учебникот. Децении и децении основците ги учеа овие податоци за Белиот и Синиот Нил според она што го пишуваа искусни автори, а не со брзо прелистување на интернет.

Ангеловска и Илиоска направиле и други грешки, но што правеле рецензентите кои го прегледувале учебникот, како и неодамна формираниот Национален совет. Тоа е голем срам и за авторките и за рецензентите. Учебникот го издаде Министерството за образование и наука. Министерот Јетон Шаќири вели дека има недостатоци во учебниците, но вакви пропусти се катастрофални, тие служат за учење на децата на сосема неточни податоци.  Уште фали некаде да пишува дека според тврдењата на некои Земјата е рамна плоча. (Н.В.)