Тајни британски податоци најдени на автобуска станица
Строго доверливи документи од Министерството за одбрана на Велика Британија најдени се на автобуска станица во англискиот округ Кент.
Во документите биле детали за разурнувачот „HMS Defender” и британската војска..
Овие „ескплозивни“ документи најдени се влажно купче во Кент во вторникот, ден пред бродот „Дефенедер“ да биде вмешан во инцидент со руски бродови во Црното Море, пренесе денеска „Сан“.
Напишани се 50 страници, документите откриваат дека се очекувале реакции од Русија на заминувањето на разорувачот покрај Крим во средата.
Уште една страница оги открива плановите за продолжување на военото присуство во Авганистан, покрај повлекувањето на НАТО трупите, наведува Бо-би-си.
Портпаролот на Министерството за одбрана изјави дека член на посадата пријавл губење на тајни документи.
Владата покрена истрага по повод инцидентот, јавува „Сан“.